Плодот кој содржи најмногу витамини



Претставува невисокa грмушка која достигнува околу метар во височина. Листовите се широки и силно сечени.


Плодовите се мали собрани во гроздови, и личат на обичното грозје. Плодот е кисел или слатко-кисел и го поседува истиот мирис, како и листовите, пишува gradina.mk.

Црната рибизла е најбогата со витамини меѓу сите останати овоштија. Ако човек изеде 50-60 зрна на ден, организмот нема да има потреба од повеќе витамини.


Француското грозје или црната рибизла е 4-5 пати побогато со витамини од лимони и јагодите, 10 пати од јаболкото, 20 пати од вишни и 100 пати од грозјето. Содржи најмногу витамин Ц, кој го олеснува варењето.

Од плодовите на црна рибизла се подготвуваат сокови, сирупи, компоти, вино и др.


При преработката на овошјето, витаминот Ц се задржува добро во производите.

Пупките, лисјата и гранките исто така содржат витамини.

Од листовите и гранчињата се прави напивка која се користи при настинки и други слични заболувања.