Loading...

Плачеше, ме гушкаше, ме молеше да не одам… но отидов. Како што поминуваше времето она се омажи, роди син, а јас …


Ми раскажува еден стар чичко за својата љубов.
Приказната почнува вака:
Имаше продорни очи, никогаш не си можел да знаеш какви олуи се кријат позади нив.
Бараше некој кој ќе ги смири тие олуи и ме најде мене.
Бевме мади. Се сакавме, само господ знае колку. Долго бевме заедно… и на крај јас зезнав.
Бев глуп, млад и тврдоглав. Сакав да пробам се она што го нуди животот, несфаќајки дека всушност го пуштам и тргам од себе.
Плачеше, ме гушкаше, ме молеше да не одам… но отидов.
Како што поминуваше времето она се омажи, роди син, а и јас се оженив. Немам деца. Кога ми умре сопругата, дојдов во домов.
Влегувам во дневната соба, некој дечко кои работи тука ме носи.
Како влегувам куферот ми падна од раце, срцето ме стиска…
Она… уморно лице, со многу бори. Остарела, како и јас, но погледот… Продорниот поглед остана ист.
Четриесет години поминаа.
Четриесет, а јас кога ја погледнав затреперив како првиот ден кога ме гушна.
Сине времето не лечи ништо, тоа те учи само како да преживееш, додека повторно не се сретнеш со судбината.

Facebook статус: Дејан Велевски