Писмо од една домаќинка до сите жени во светот: чистете само како треба!



Запомнете дека прашината го штити дрвото кое се наоѓа под него. Куќата станува дом само кога врз мебелот ќе можете да напишете – Те сакам.


Можев секој викенд да чистам барем 8 часа чистење, затоа што сакав се да биде совршено, во случај да дојдат ненајавени гости.

Конечно сфатив дека никој нема да дојде – сите беа некаде надвор.


Денес, кога луѓето ме посетуваат, не морам да им објаснувам за чистотата на домот, а сите се заинтересирани од работите што ги правам, како живеам и како се забавувам.

Ако уште не го разбирате тоа, ве молам послушајте го мојот совет: Животот е краток. Уживајте! Чистете само колку треба …


Зарем не би било подобро да направите слика, или напишете писмо, да печете колачиња или да посадите цвеќе?

Чистете колку што треба … Но немате премногу време …

Наместо тоа, можете да препливате река, да се искачите на планината што ја сакате, да слушате музика, да ги задржите пријателите кои ги сакате и да го живеете својот живот како што сакате.

Чистете колку што треба, но знајте дека животот е таму, со сонцето во вашите очи, со ветер во косата, со дождот … Овој ден нема да се повтори!

Чистете колку што треба, но имајте на ум … Староста ќе дојде и таа не е милостива. А кога ќе умрете … Вие сами ќе си направите уште поголема прашина. ”

И споделете го ова со сите прекрасни жени во вашиот живот!