Писмо до жената која го носи бебето на мојот поранешен дечко



Го напишав ова писмо вечерта, откако поранешниот мој дечко, ми кажа дека ти и тој чекате дете. Без разлика што мислиш (или она што тој ќе те натера да веруваш), причината за моето писмо не е завист или злоба. Тоа е сосема чиста себичност. Пишувам, бидејќи тоа ќе ме натера да се чувствувам подобро. Толку е едноставно.


Немам поим што ти рекол за нашиот живот заедно. Не знам ни дали си слушнала дека тој ме остави да го одгледам детето сама, но неговите вести денес ме принудуваат веднаш да ти соопштам она што се случи. Немам никаква идеја дали заслужуваш и дали има потреба да го научиш сето ова, но јас сакам да ти го кажам. И потоа, што сфатив денес, имам сосема оправдана причина да го сторам тоа.

Минаа речиси 6 и пол години, откако таткото на нероденото твое дете ме остави мене и нашето посакувано бебе. Ова бебе сега е една душа, самоуверено, независно, темпераментно и паметно седум годишно девојче. Таа е исклучително горда на нашето двочлено семејство и живееме фантастичен живот заедно.


Да бидеш осамен родител е работа на полно работно време и без сомнение – доста тешка окупација. Но, никогаш не би го заменила својот живот, таков каков што е во моментов – зафатен (речиси хаотичен), но неверојатно забавен. Ова е само мал извадок од нашето битие, со што претпоставувам си свесна, но сакам да знаеш дека не е секогаш така. Денешните вести ми донесоа толку многу спомени и толку многу болка и гнев.

Тој неволно се согласи да одиме на вонбрачни консултации, но оддалеку си почувствував дека нема никаква намера дури да се обиде да ја натера нашата врска да проработи.


Би направила сè за да го добијам она што го замислував дека ќе биде нашиот живот заедно, но тој беше категоричен. Сите мои убедувања и искрени молби, дури не го допреа. Затоа и ја одгледав нашата ќерка сама. Првите заби, првите чекори, првите зборови, првото возење велосипед, првиот ден во училиште – се обидов да уживам во секој прв пат во животот.

Но, денешните вести ми донесоа толку многу спомени. Може и да е себично од моја страна да ти го пишувам ова, но стојам зад зборовите, кои ги изреков кога тој ми соопшти: Навистина се надевам дека тој ќе се грижи подобро за вас, отколку што некогаш се грижел за мене.