
Грејпфрутот е богат со антиоксиданси и е познат по своите силни антибактериски својства.
Овој цитрусен плод има висока содржина на витамини A, B, C, D, Е и минерали, вклучувајќи калциум, фосфор, магнезиум, манган, цинк, бакар и железо.
Еве како да го приготвите овој магичен пијалок за здравје и убавина:
Потребни производи:
1 голем грејпфрут (зрели)
1 лажица природен пчелин мед
Начин на приготвување:
Одвојте го грејпфрутот на половина и отстранете ги семките со помош на лажица. Можете пред тоа да го ставите во фрижидер за да стане повеќе вкусен. Измешајте го со медот, ставете го во блендер и промешајте додека не добиете убава и мазна текстура.
Пектинот и ликопенот се многу важни. Пектинот го стимулира исфрлањето на вишокот холестерол. Со јадење на еден грејпфрут дневно може да се намали лошиот холестерол до 15,5% и триглицеридите за 27%.
Пектинот освен тоа го намалува нивото на инсулинот и го регулира метаболизмот. Ликопенот ги отстранува токсините и штетните материи од телото. Се пијат по неколку голтки од овој пијалок по ручекот, и секогаш почекајте да поминат 20 минути по јадењето пред да го испиете. Тој ќе ги согори околу половина од калориите кои сте ги прифатиле за време на ручекот.
Овој пијалок е докажано ефикасен во третманот на хипертензија и срцеви заболувања.