
За оваа чудесна напивка, која ќе и даде на вашата кожа цврстина и еластичност, ви треба краставица, целер и органски зелен чај.
.
Смирувачките ефекти од краставица се добро познати, и се припишува на кафеинската киселина и витамин Ц кој ги има, како и силициум диоксид кој е уште една компонента од краставица која е важна,за одржување на здравјето на сврзното ткиво на мускулите. заедно со водата која ја содржи ја хидратизира и освежува кожата.
Б комплекс од целер, за возврат ја поттикнува размената на јаглехидрати во телото и ја задржува кожата здрава, со главната состојка кумарин ги спречува штетните ефекти на слободните радикали и ја задржува вашата кожа сјајна.
Третата состојка – зелен чај се чини неизбежна, чии високи нивоа на антиоксиданси, вклучувајќи витамини Ц и Е го забавува процесот на стареење на кожата.
Состојките потребни за оваа напивка се:
2 излупени краставици
4 стебленца од целер
2 чаши органски зелен чај
Во блендер ставете ги сите состојки – мешајте подолго. Доколку е потребно, додадете малку вода ако смесата е премногу густа. Испијте го веднаш по подготовката.