Петгодишно девојче забремени и роди бебе



На возраст од пет години, повеќето од нас се преокупирани со играчки и форми на животни. Но, Лина Медина имала само пет години кога докторите сватиле дека таа е седум месеци бремена.


Недели подоцна, таа родила здраво машко бебе, кого го именувала Герардо, по докторот кој ја породил, според списанието The Sun.

Медина живеела во Перу, а била родена во 1933. Нејзините родители забележале дека и расте стомакот и таа почнала да има стомачни болки. Се испоставило дека Медина имала развиени сексуални органи и медицинска состојба наречена предвремен пубертет – каде телото на едно дете станува како тело на возрасен.


5godisno

Се верува дека таткото на Медина извршил инцест со неа, но немало доволно докази да се гони човекот законски.


До возраста од десет години, на Герардо му велеле дека тој е брат на Медина. Тој починал на возраст од 40 години од коскена болест.

5godisno2

Лина Медина сега има 85 години и имала и втор син подоцна во животот. До денес, таа е најмладата мајка потврдена во медицинската историја.