Петар Грашо конечно проговори за врската со 14-години помладата девојка Хана



Пејачот Петар Грашо првпат јавно проговори за врската со Хана Хуљиќ:


– Многу сме среќни и задоволни и така треба да биде. Хана е многу добро и ние сме среќни – рекол Грашо и признал дека бил изненаден од некои медиумски наслови за неговата врска со Хана.

– Некако научив дека, бидејќи многу го кријам приватниот живот, вниманието на јавноста е поголемо. Но, морам да бидам искрен дека бев малку изненаден од креативноста на одредени медиуми во смислувањето различни и разновидни форми на ништо, всушност. Ги живееме нашите животи и важно е луѓето околу нас да бидат задоволни и сите да бидат мирни но и задоволни – заклучи пејачот.