
Најсреќните брачни двојки си забележуваат од далеку, но не и несреќните. Вистината е дека многу несреќни бракови не завршуваат со развод и живеат целосно несреќно. Несреќните сопружници често се одлучуваат да останат заедно, колку и депресивни и ладни да се нивните односи.
Еве и кои се работите кои се случуваат кај сите несреќни бракови:
1. Несреќните сопружници престануваат да имаат секс.
За жал, тоа е вистина. Сопружниците кои не се во добри односи, немаат енергија и желба да бидат интимни. Често во почетокот едниот од сопружниците почнува да го казнува другиот со одбивање на секс. Не заборавајте дека сексот е еден од најважните начини да покажете близина и љубов еден кон друг!
2. Несреќните сопружници запираат да си посветуваат внимание еден кон друг.
Колку и бурен живот да живеете, вие треба да посветувате внимание на својот брачен партнер и тоа треба да биде меѓу главните приоритети во вашиот живот. Експертите се категорични дека кога меѓусебното внимание помеѓу сопружниците недостасува, бракот страда.
3. Несреќните сопружници се караат многу лошо.
Вистината е дека сите парови се караат, но оние кои имаат несреќен брак, стигнуваат подалеку. Сопружниците во овие парови легнуваат лути и се лутат еден на друг со недели и месеци. Тие така и не наоѓаат пат за помирување или избегнуваат да зборуваат по жешките прашања, бидејќи знаат дека нема да стигнат до консензус. Тоа ги тера да се затворат емоционално еден кон друг.
4. Несреќните парови живеат во минатото.
Многу сопружници стигнуваат до несогласувања, токму поради работите кои им се случиле пред некое време. Кај сите парови има некакви емоционални рани и неразрешени прашања од минатото, но тие ја мешаат и нивната иднина. Не вреди да им обрнувате внимание!
5. Несреќните парови престануваат да работат на нивниот брак.
Бракот не е “работа”, но е нешто по што двајца луѓе треба да работат постојано. Односите се тешка работа, но љубовта е избор. Бракот понекогаш е тежок и далеку од совршен, но ако во него има љубов, ако сопружниците се обидуваат да ги измазнуваат разликите, ако се обидуваат да поминуваат повеќе време заедно, ако разговараат, ако се почитуваат и си имаат доверба тие нема да бидат несреќни со бракот и обратно.