Пет најубави жени според хороскопскиот знак


Секоја жена е убава на свој начин, без разлика дали мами погледи со својата физичка убавина, со харзима или со позитивната енергија што ја носи во себе.

Сепак според експертите во областа на астрологијата, припадничките на понежниот пол родени во некој од овие пет хороскопски знаци дефинитивно се на врвот на листата според убавината, сексапилноста и магнетската привлечност која ја поседуваат.

Скорпија

Скорпиите имаат прилично добра градба. Добри нозе, широки рамена, впечатливо лице со сензуални усни и продорни очи неретко ги красат овие дами. Припадничките на овој знак најчесто имаат преубава кафена густа коса. Тие сакаат да се дотеруваат, но нивниот префинет вкус никогаш нема да дозволи да претераат. Кога Скорпијата ќе реши да ве освои, таа целиот „отров“ ќе ви го сервира така што вие слатко ќе го испиете. Нивната убавина е секогаш над просекот, а покрај мажите ги сакаат и децата. Среќен е човекот кого Скорпијата искрено ќе го засака.

Овен

Овие жени делуваат силно, имаат спортска градба и изразени црти на лицето кои тешко се забораваат. Многу често се бринети со светли очи и совршено тело. Нивниот изглед е во согласност со силната и енергична личност која ја носат во себе, а нивната свиленкаста кожа ќе направи секој допир на оваа убавица засекогаш да остане врежан во вашите сеќавања.

Лав

Продолжува на втората страна

Страни: 1 2