
Многу ретко замислуваме за своите предности во тие луди години.
Пубертетот скоро секогаш се спомнува во контекст на лудување на хормоните и проблемите со тинејџерите.
Но, многу ретко размислуваме за своите предности во тие луди години. На родителите им е вистински предизвик да излезат на крај со децата во пубертет бидејќи тие упорно сакаат да бидат, да изгледат и да се однесуваат како постари, а тоа најчесто не излегува онака како што тие и вие сте замислиле. Иако не е лесно да се пронајде заеднички јазик, ви донесуваме пет факти поради кои веројатно поинаку ќе гледате на своето дете.
Тие стануваат самостојни
Вашето дете расте, повеќе не е бебе кое безусловно ќе ве слуша и, ви се допаѓало или не, станува самостојно. Би било чудно да помислите дека во текот на растењето нема да греши, вие сте тука да му помогнете ако забележите дека оди во погрешен правец. За сите помалечки грешки дозволете му на детето да научи од своето искуство. Впрочем, како станува посамостојно повеќе ќе можете да се потпрете на нивната помош.
Доста се хумористични
Тинејџерите се доста хумористични. Доволно се млади и невини бидејќи сеуште не го запознале сето она лошо на светот, а доволно возрасни да можат безгрижно да коментираат и да се шегуваат со секидневието. Сигурно ќе се најдете во ситуција кога ќе ве насмеат до солзи.
https://www.instagram.com/p/BXtGlGSlSLi/
Сеуште ве слушаат
Ако ја изземеме тинејџерската бунтовност која е сосема нормална, иако детето расте, тоа сеуште ги слуша вашите совети и смета на вас. Детето ве почитува дури и кога не се согласува со тоа што сте го кажале или направиле, иако тоа нема да ви го признае.
Тоа е сеуште вашето дете
Иако на детето пријателите му стануваат се’ поважни во животот, сеуште многу нешта можете да направите заедно, а притоа да бидете среќно семејство и добро да се забавувате, отколку кога ќе го седнете и ќе почнете сериозен разговор.
https://www.instagram.com/p/BXqsh23A_wL/
Можете да сметате на помош на детето
Без оглед дали станува збор за домашни работи, волонтирање на некои хуманитарни проекти или само прегратка, детето е тоа на кое секогаш можете да сметате. Иако се сеуште деца, доволно се големи да можат да ви помогнат околу вечерата и при тоа да водите интересен разговор. Совет кој кај тинејџерот секогаш „пали“: Не наредувајте му на детето да направи нешто, туку замолете го дали би можело да ви помогне.