Пет чекори до визуелно покрупни очи



Доколку сакате да имате покрупни очи и заводлив поглед, тоа може да го направите во пет чекори.


Прв чекор: Извиткајте ги трепките за да ги нагласите самите очи. Нанесете маскара во неколку слоја за да

го постигнете ефектот на впечатлив поглед не заборавајте да нанесете маскара и на долните трепки, за изгледот да биде целосен.


Втор чекор: За убави очи и заводлив поглед, неопходно е да имате средени веѓи. Отстранете ги вишокот влакненца, исчешлајте ги, а празните места пополнете ги со молив за веѓи или сенка за очи.

Трет чекор: За покривање на подочниците и темните кругови околу очите неопходен ви е коректор. Изберете го оној кој највеќе одговара со вашиот тен.


Четврт чекор: На долниот дел од окото, откако ќе нанесете маскара, нанесете бел молив. Така окото визуелно ќе се зголеми и ќе има контраст.

Петти чекор: Посакуваниот изглед треба да го комплетирате со нанесување сенка за очи. Ако имате сини очи одлучете се за нежни и слатки нијанси како што се розова, беж и виолетова.

За кафени и црни очи изберете сина, беж, зелена, златна. Запомнете,  претежно земјените бои се оние кои најдобро ги истакнуваат кафеаво-црните очи.

А доколку имате зелени очи, одберете праскови нијанси, виолетова, сребрена, црна, во зависност од тоа каков ефект сакате да постигнете – нежен или драматичен поглед.