СРЦЕ СО ЉУБОВ ПОЛНО ЦЕЛO
Во една соба, соба бела
со една мисла чудна
цела ноќ стојам будна.
Мисла силна,мисла тешка
што нас не дели,се леат солзи врели.
Душата ме боли и за твојата мајка се моли.
Во таа соба во таа ноќ го слушнав твојот ангелки глас и музика со волшебен спас.
Дај ми ги тие ангелски крилја да летнам во височини.
Да потонам во тие длабочини.
На перница од облак бела јас да легнам,
од твојот мирис да се опијам и мирно да заспијам.
Во сон насмевка да ми подариш,дел од мене да украдиш.
Така да се разбудам со душа чиста,што како на никој нема да биде иста.
Јас понатаму да се смеам и твоите песни да ги пејам.
Со таа мисла во таа соба во сонот се вратив и се чудам.
Можеби си човек со ангелски лик, не , несакам да се будам.
Можеби само тебе во песните те барам.
Затоа сум слепа од таа убавина што уште еднаш нема да се роди.
По патот негов сакам да ме води.
Срцето силно ми чука, те барам тебе тука.
А ти си ѕвезда сјајна на небо што блесна и на земјата и подари песна.
Ја запиша на платно бело, се викаше :
,,Срце со љубов полно цело“