Пенелопе Круз – супер секси и на 40



Пенелопе Круз беше прогласена за „најсекси жена во светот” (Sexiest Woman Alive) од списанието Esquire (ноември / 2014).
40-годишната актерка позираше во црно боди со длабоко деколте на насловната на машкото издание.

Пенелопе која е рекламно лице на брендот за долна облека L’Agent од Agent Provocateur, молчи за приватниот живот. Таа одбива да коментира за својот сопруг – 44-годишниот актер Хавиер Бардем, како и нивните две деца Леонардо и Луна.

„Личниот живот си е за наша потрошувачка”, вели таа. Ѕвездата роди ќерка само пред една година – на 22 јули 2013 година во Мадрид. Синот на актерката и Бардем е роден во 2011 година во Лос Анџелес.

Последните филмови на Круз се „Ma Ma”, како и комедијата „Гримсби”, во која учествуваше заедно со Саша Барон Коен.

Погледнете ги фотографиите на Пенелопе за Esquire: