Пазете се од овие 10 отровни храни на светот



Има храна, од кои треба да се пазите или внимателно да ја подготвувате, бидејќи предизвикуваат труење, дури може да има фатални последици.


1. Овошјето Ackee

Ackee е популарен плод во Јамајка. Ако планирате патување до оваа жешка дестинација – не посегнувајте по плодовите. Додека правилно не созреат, конзумацијата на овој плод може да предизвика повраќање, кома па дури и смрт!


2. Корен од маниока

Коренот од маниока е одличен додаток за карипските јадења, но со него не се делува невнимателно. Ако овој корен не го преработите доволно, гостите би можеле да умрат од труење со цијанид.


3. Фугу

Јапонската риба Фугу е вистински кулинарски деликатес во Азија, но тоа бара внимателна подготовка. Нејзиното месо содржи тетродотоксин – отров кој води до смртоносни последици. Готвачите посебно се обучуваат за да го отстранат пред да им се служи на гостите.

4. Отровни печурки

Во светот може да најдете разни видови печурки, чиј состав предизвикува сè од благо гадење до тешки последици за животот. Затоа треба многу да се внимава какви печурки подготвувате за јадење.

5. Африканска жаба

Жабите се деликатес во целиот свет, но африканските подвидови на жаби (Bullfrog) предизвикуваат оштетување на бубрезите, ако не е термички обработено добро пред потрошувачката.

Страни: 1 2