Не знам чиј е ланецот на маркети ЖИТО ама и персоналот и политиките на продажба им се огледало на смрдливите полици за скапан зеленчук што го нудат.
Пазарам пред десетина минути, чекам на каса а пред мене стоеше човекот од кого купив лубеница и диња пред да влезам во маркет.
Човек, етнички Албанец , паркиран на уличката со приколката полна лубеници а до него двете синчиња од кои едното 8 годишно трча и продава, тегне насмеано тешки лубеници да ги измери за да продаде.
Човекот, откако ја доби сметката остана збунет, превисока сумата му беше и ја праша продавачката што е толку скапо, а беа три конзерви риба, леб и три лименки кока кола. Веројатно ручекот за денес за него и двете деца.
Продавачката му ја прочита лентата, конзервата туна е со цена од 109.00 денари, му рече и му ја пушти во ќесата.
Човекот дури срамежливо рече дека на полица пишува 40.00 денари, дали може да ги врати и да ги замени за тие од 40 денари.
И тука почнува безобразната продавачка, го погледа и дрско му рече НЕ МОЖЕ ДА СТОРНИРА СМЕТКА, НЕ ЗНАЕ ШЕФИЦАТА ДАЛИ ЌЕ ДОЗВОЛИ и чека човеков да се предомисли и да се откаже.
Тогаш и реков дека не и треба шефицата да и дозволи, има закон кој дозволува и да ја сторнира сметката веднаш, и уште подрско ми одговори- кај нас тоа не важи !
Тогаш и реков, добро викни ја шефицата што е над законот еве ќе почекаме.
Ја зема сметката и отиде кај шефицата, ама љута. Ни грам срам на суратот.
Се’што можев е да му објаснам на човекот дека може да ги врати скапите конзерви и ако го лажат и понатаму да и каже дека ќе пријави во инспекција.
Нормално дека шетањето на продавачката беше само глупа глума, се врати и сторнира, ги замени конзервите, ама она што остана е глупавиот пластичен сурат без грам срам додека ја прашував зошто проба да го мафта човекот.
Нема ден да помине а секојдневието да не е усрано од омраза и безобразлук.
И за ова нема изговор, не ви се криви ни политики ни држава ни партии.
Сами избирате дали ќе бидете луѓе или срање од човек.
Знам дека ова е болно општество, но до оздравување само од нас зависи.
Не дозволувајте омразата и примитивизмот да зафркнат човек, спречувајте секогаш кога ќе можете, објаснувајте им на луѓето кога не знаат, и така човек по човек спасен, сме чекор по чекор до здраво општество.
Наш избор е ќе го чуваме човекот во нас, или идиотот од нас.