Патувала со автобус од Радишани до Центар: Еве што се случило тој пеколен ден во автобусот



Патувам со автобус на реалција Радишани – Центар со 57. Идам накај работа во 8 часот наутро, сега ученици нема, но затоа пензионерите се шетаат уште рано рано, а и рабониците се на автобуска.


Скоро и да не сум сретнал човек кој не ги почувстувал сите стискања и штипкања, дишењето во врат, мирис на пот, пцовки, кавги, туркањето со лактови.Оној кој не се возел во автобус навистина е среќник, но и сиромашни за едно искуство кое е богатство и одраз на секојдневниот филм во градски и начинот на живот во општеството.

Еве еден краток опис на луѓе кои може да се сретнат деновие во автобус:


-Жени дотерани, нашминкани, а немале време да се истушираат.Во оваа категорија спаѓаат и луѓето кои ги соблекуваат обувките за да се излувтираат.

-Зборлести луѓе.Телефонските разговорите се толку долги и детални, што сите патници се молат побрзо да заврши. И без никаков срам зборуваат за месечни циклуси или други интимни работи кои најверојатно ни соговорникот не сака да ги слушне, а не па 50 непознати луѓе во автобус.


Продолжува на следната страна

Страни: 1 2