Паричникот кој ќе ве спречи да трошите пари



Living Wallet изгледа како обичен паричник, но е сосема оригинален и поинако,в бидејќи може да го спречи својот сопственик да потроши премногу пари.

Овој паричник е направен во Јапонија, има мали точки од страна и е повран со апликацијата Zaim, која е компатибилна со iPhone, iPad и уредите кои користат оперативен систем Андроид.

Паричникот има две различни „програми“, една за штедење и друга за трошење. Во првата програма паричникот изведува трикови за да ви помогне да заштедите пари, па бега од вас со помош на своите мали тркалца.

Освен тоа, доколку го фатите, тој гласно „вика“: Не, не ме допирај! Помош! Ако ни оваа мерка не ви помогне и не ве спречи, тој преку мобилната мрежа и апликацијата испраќа порака до вашата мајка или лицето кое ќе го наведете како соодветен контакт во вакви ситуации.

Од друга страна, кога паричникот е наместен на програмата за трошење, од него се слушаат композиции од Бетовен.