Молете се, па и ако не верувате во Бог: Еве зошто е добро да го правите тоа!

Човекот кој верува во Бога и се моли бара од него сила за да може да ги преживее тешкотиите, бара од него водство, мудрост. Но, постои уште еден аспект на молитвата.

Постојат два вида на молитва:

1. Најпрво има човек кој верува во Бог и се моли. Тој бара од Бога сила за да може да ги преживее тешкотиите, бара од Бога водство, мудрост. Една од најдобрите молитви што многумина најмногу ја сакаат е Молитвата за мир:

– „Боже, дај ми мир да прифатам работи што не можам да ги променам, храброст да ги променам работите што можам и мудрост да ја препознаам разликата“.

Затоа што толку многу страдања доаѓаат од кога луѓето сакаат да го променат она што е непроменливо. И немаат сила да го променат она што може да се промени. Тоа е убава молитва.

Текстот продолжува на следната страна

КОГА СЕ ТРГНЕ НА ЛОШО, САМО ИЗГОВОРЕТЕ ГИ ОВИЕ 4 ЗБОРА КОИ ВЕДНАШ ПОМАГААТ: Совет на познат психијатар кој ја враќа светлината во животот!

Четири зборови кои помагаат кога сте очајни и несреќни – кажете ги со разбирање и ситуацијата наскоро може да се промени! Има ситуации во животот кога мислиме дека сè тргнало наопаку, дека ништо не ни оди добро и се чувствуваме безволни, демотивирани и оптоварени.

Секогаш ќе има потешкотии на патот на животот, но и во такви ситуации важно е да продолжите да уживате во убавите моменти, бидејќи секоја грешка и очај треба да се прифати како тест, предизвик, од кој може да се извлече вистинската лекција. .

Наместо да очајувате, кога нешто не ви оди, само научете од тоа и развијте се. Наместо негативни мисли кои ве саботираат, оптоваруваат и ве спречуваат да напредувате, одлучете се да го насочите умот на позитивното.

Психијатарот Виктор Франкл еднаш зборуваше за „волјата за смислата“. Го советувал човекот да го праша животот што очекува од него, а не обратно – да очекува нешто од него.

Додека бил во нацистичкиот концентрационен логор, тој лично се уверил во способноста на луѓето да најдат значење насекаде, дури и во најстрашните страдања. Франкл го искористил ова искуство за да создаде свој метод на лекување – логотерапија.

Нејзината суштина е следна: се обидувате да го пронајдете и разберете значењето на секој момент во вашиот живот, без разлика дали е негативен, неутрален или позитивен.

Кога се чувствувате очајно, демотивирано и мислите дека сè тргнало наопаку, само кажете ги следниве зборови: „Ја гледам смислата во …“

Веднаш штом ќе ја изговорите оваа фраза, обидете се да ја завршите така што четвртиот збор ќе биде нешто во кое можете да најдете значење во моментот. На пример: „Ја гледам смислата во пријателите;“ „Ја гледам смислата во искуството;“ „Ја гледам смислата во промената.”

Колку и да се лоши работите, секогаш можете да најдете малку позитивност во секое време. Сè што треба да направите е да се обидете да ја пронајдете таа позитивност.

Треба да се запрашате: што очекува животот од мене токму во овој момент кога сум соочен со сите овие работи? Откако ќе сфатите дека вашето страдање има некакво значење, ќе ви биде многу полесно да го доживеете.

Честопати, потрагата по значење е првиот чекор на патот кон исцелување. Тоа ни отвора начини да се справиме со она што ни се случува. Можеби нема да ви ја ублажи болката, но ќе ве освести и ќе ви помогне да го вратите мирот и спокојството дури и во ситуации за кои мислевте дека се безнадежни.

Извор: Животен стил

ИСПОВЕД НА МАЈКА ШТО ГО РАСПЛАКА РЕГИОНОТ: СЕ БOPИТЕ КАКО ЛАВИЦА ЗА ДА ГИ ВОСПИТАТЕ ДЕЦАТА, А ТИЕ ЗАБОРАВИЈА ДА МИ ЧЕСТИТААТ И РОДЕНДЕН!

Го пренесуваме во целост:
Имам 65 години и живеам сама. Две деца, син и ќерка го имаат животот далеку од овде, ги имаат своите деца и нивните проблеми.

Не им се јавувам, чекам да се сетат на мене, а тоа ретко се случува. Оваа година заборавија да ми го честитаат и мојот роденден. Не е важно, не ги обв инив.
Знам како се, и бев фрустрирана на нивната возраст. Се искинав премногу грижејќи се како да ги подигнам и да направам се што е потребно.

Мило ми е што успеав да ги едуцирам и да направам добри луѓе од нив, но жал ми е што бев толкава жртва за нив. За што?
Да бидам сама сега и да седам цел ден во четири sида чекајќи да ми заѕвони телефонот, така што барем некој ќе каже „среќен роденден“, а јас се чувствувам толку чешано и напуштено како куче?

Па нека … Ви благодарам. Можам да направам се сама. Секогаш ќе најдам хоби за себе и ќе ја задржам позитивната страна на моите мисли.

И Бог нека ти е на помош. Ќе се молам животот да не ти ја даде судбината што ме снајде.

Текстот продолжува на следната страна

Веруваш ли дека Божјата рака стои над твојот живот?

Може досега не сме забележале како раката Божја незабележано стои над нашиот живот.

Таа ни се отварала со добри дарови. Таа нас потајно не држела кога сме имале бури во животот. Таа била со нас и додека сме бил сами и напуштени.

И тогаш Бог пред нас става страшна можност – дека својата рака може и да ја повлече од нас. Тоа на почетокот може и не се забележува многу.

Меѓутоа, човекот постепено забележува дека станува лишен од сите благослови. И конечно и на крајот и на смрт бара некоја поддршка, но ја нема.

Ние често му грешиме на бог и Бог со право може да ја повлече Неговата рака од нас, но Тој во Неговата милост ни дава уште една шанса да се вратиме кај Него, во Неговата заштита и љубов.

извор. новиживот.нет

За жена нема ништо по привлечно од верен маж. Кој знае што сака…

Кога ќе ти сврти грб и кога ќе ти каже дека нема ништо повеќе да ти каже, не и верувај.
Прииди и. Не мораш ништо да кажеш. Но молчи со неа. Гушни ја, нека го осети твоето присуство. Нека види дека ти значи. Колку и да се преправа пoнекогаш, на жената и е потребно внимание. Дај и го.
Посебно ако она ти го поклонува секојдневно. Ако се труди. Не е совршена, а не си ни ти. Затоа совршенството треба да се бара во вашите несовршенства, грешки, мани. Доблестите лесно се сакаат. А во лесно нема ни предизвици нити длабочина. Платонски е и пролазно.
Кога ќе ти сврти грб знај дека постои причина. Свртен грб е како sид. Прескокни го. Дојди до неа. Погали ја по косата. Избриши и ги солзите. Колку ќе ја допреш толку ќе бидеш голем во нејзините очи.
Тие допири немаат врска со твојте прсти, усни. Тоа се допири од душата. Единствени допири кои вредат. Не ја пуштај, ако еднаш ја пуштиш, дури и присутна ќе ти биде далечна. Ќе и го срушиш светот, а на жената лесно и се рушат световите…
Внимателно со неа, како со цвет.
Кога ќе ти сврти грб, немој и ти да вртиш грб. Нека не трепери од очај, направи да трепери од твојата близина. Нека знае дека си тука.
Насмевни ја, подсети ја на се што имате заедно. Нека во тебе го види својот мир. Верност.
За жена нема ништо по привлечно од верен маж. Кој знае што сака.
Нека најде сигурност, да знае и кога ќе паѓа дека си тука и ќе ја фатиш за рака. Знаеќи дека никогаш нема да ја пуштиш. Дека нема да се откажеш од неа.
Кога ќе ти сврти грб нека не ти биде тешко да ја расположиш, да заборави на кавгите, несогласувањата.
Однеси ја на слатко, гушни ја цела. Шeпни и колку ти значи. Кажи и колку целиот твој свет застанал во нејзините зеници.
Остани буден со неа. Изненадија со доручек.
Биди и ситница.
Тогаш ќе и бидеш бесконечен космос.

Автор: Дејан Велевски