Loading...

Па и да е крива, немој да правиш да се осеќа крива …


Автор: Драган Таневски

Брат, немој да правиш да се осеќа крива. Па дури и да е крива. Дека на тој начин ја ставаш во позиција да се брани, а тогаш жената е најопасна. И ај, да не претерам, непобедлива. Наместо тоа, пробај да разбереш и да вклучиш сакање на десетка, да и се насмевнеш и да свртиш на смешка.

На тој начин ќе ја увериш дека си спремен да се носиш со нејзините грешки и да продолжиш да ја сакаш и покрај се. Тоа те прави голем во нејзини очи. Тоа те прави маж. Дека, секој идиот може да биде ситничар и да се кара за најмал пропуст, но само вистински џентлмен ќе покаже разбирање.

Да, животот многу пати ни докажал дека и ние самите често грешиме, а другите не престануваат да не сакаат заради тоа. И колку ги сакаме тие луѓе кои ќе останат со нас кога сме за никаде. Тоа се нашите тврдини.

Но, тоа е и наша обврска да бидеме нечија тврдина. Тоа му е потребно на светот.