П.С. Фешн го отвори третиот продажен салон



Во рамките на отварањето на РЕМ центарот, П.С. Фешн го отвори третиот продажен салон во Република Македонија.


По Скопје Сити Мол во Скопје и комплексот МајМаркет во Струмица, познатиот српски бренд отсега и во најголемиот трговски центар во Западна Македонија. Попусти, клуб картички и многу интересни изненадувања наменети за посетителите беа дел од свеченото отварање, на кое воедно присуствуваше и Дани Димитровска, заштитното лице на брендот во Македонија.