За оние кои ја изгубиле желбата за водење љубов



Има девојки кои страдаат од намалено либидо и тоа се одразува негативно врз сексуалниот живот. Најчестите причини за појавата на овој проблем се стресот, депресијата и имобилизацијата. Промена во хормоналните нивоа, прекумерното консумирање на алкохол и многуте преработени јаглехидрати и страничните ефекти на одредени лекови исто така можат да доведат до губење на желба за секс.


Добрата вест е дека постојат природни методи кои ќе ти помогнат да се справите со овој непријатен проблем. Природните производи влијаат на либидото на различни начини – балансирањето на нивото на одредени хормони во женскиот организам и намалување на стресот.
Здравиот начин на живот и редовното вежбање исто така имаат поволно влијание врз женскиот организам. Физичката активност го прави телото повеќе од витално, жилаво, ја зголемува самодовербата и ја подобрува циркулацијата.

– Јаболка, компири, соја и цреши – тоа се естрогени хранива кои ќе ти помогнат да произведеш поголема количина естроген и на тој начин ќе го зголемиш либидото;


– Лук, анасон, куркума, цимет, рен, чили, бибер и ѓумбир

– Рибите го подобруваат целокупното сексуално здравје и го стимулираат либидото на жените;


Жените треба да внесуваат доволни количества витамин Б, витамин Е, селен, магнезиум, бакар и цинк, за да имаат желба за секс. Овие витамини и минерали влијаат врз либидото и ја подобруваат сексуалното здравје.

Освен храна, има и билки кои ќе ви помогнат да се справите со овој проблем, велат од gradina.mk:

Муира Пуама – оваа билка ја стимулира сексуалната желба како кај жените, а кај мажите и има тонирачко дејство.

Дамиана – листовите на оваа билка го стимулираат сексуалното задоволство и балансираат хормоналниот систем.

Женско биле – оваа билка го намалува стресот, ги регулира хормоналните соодноси и има висока содржина на фитоестрогени.

Црн кохош – содржат естрогеноподобни хемикалии кои имаат избалансирано хормонално влијание. Оваа билка НЕ треба да се зема заедно со синтетички естроген лекови при кардиоваскуларни заболувања, како и од жени со рак на дојка или оние кои се склони кон нејзиниот развој.