Овој пост на Драган Таневски доби илјадници лајкови за помалку од 24 часа | Lady

Овој пост на Драган Таневски доби илјадници лајкови за помалку од 24 часа


Автор: Драган Таневски

Ќе стане рано, ќе среди деца за у школо, ќе иде на работа осум саата, ќе трпи изживување од некое импотентно шефче, ќе слуша оговарања од исфрустрирани и љубоморни колешки, ќе ја понижуваат со сексуални дофрлања напалени колеги, ќе трча од работа да пазари, ќесите ќе и се врежат во тенките и нежни прстиња, после да зготви, да среди куќа, деца, да помогне со домашни, да воспитува, да советува… на крај ќе те пречека и тебе од работа, ќе ти се радува како на господ… и нема да ја слушнеш да се пожали. Ама убаво и е кога ќе ја гушнеш и ќе и оддадеш признание за се што прави. Да и ги бубнеш нежните а сепак толку способни рачиња. Да и кажеш – “јас без себе некако и би можел бејби, ама без тебе – никогаш”.

draganpost