Овие стари домашни навики привлекуваат сиромаштија, болести и неволји



Натрупувањето работи и нередот штетно влијаат на нормалниот живот во некој простор. Фенг шуи препорачува на одредени места во станот да се расчистат и одржуваат уредни.


Овде се подразбира и генерално средување: сортирање на работи така што сите да имаат свое место, поправки на расипаните работи, фрлање на непотребното, неупотребливо и се што не е во функција, се што не ни се допаѓа или не го употребуваме долго време.

Нередот влегува во човечкото биоенергиско поле, предизвика неорганизирано, хаотично размислување, а последично е и една неволја за друга.


Навиката да чуваме, складираме, и собираме непотребни работи кои не ги користиме (под изговор дека можеби еден ден ќе ни затребаат) укажува на тоа дека длабоко во себе имаме навика да чуваме страв , тага, незадоволство, грижа.

На тој начин му праќаме две пораки на својот мозок и својот живот: да не веруваме во утре и да мислиме како ново и подобро не е за нас.


Страни: 1 2 3