Според многумина нема ништо поубаво од сексот. Студија покажува дека луѓето претпочитаат да прават многу други работи наместо интимните чинови. Не дека сексот не е важен, но во последно време приоритетите на луѓето се менуваат.
Еве и што сакаат да прават 74% од луѓето, наместо да имаат секс :
1 . Јадење
Во 2012 година студија покажа дека 1 од 3 неженети би ја избрале храната пред сексот. 26% категорично се изјаснија во корист на чоколадото, а 25 % во корист на стекот.
Француските жени исто веруваат дека храната е поважна од галењето. 25% издаваат дека чувствувале поголемо задоволство од храната отколку од сексот.
2 . И особено бејконот
43% од учесничките во истражувањето споделиле дека беконот е на врвот на нивните хранливи параметри.
3 . Да си кликаш на смартфонот
Во дигиталната ера во која живееме, смартфоните се поважни од партнерот. 44 % од луѓето спијат со своите телефони, а 20% издаваат дека се пред срцев удар, кога ќе видат дека батеријата им е празна.
4 . Да спијат
Според Better Sleep Council, 80% од жените признаваат дека сакаат да спијат пред да имаат секс.
5 . Да поседуваат плазма телевизор
Британско истражување покажа дека повеќе од половина мажи би се откажале од половиот однос, само и само да поседуваат плазма телевизор.
6 . Да пијат топло чоколадо
Голем број жени дефинитивно се фанови на чоколадните пијалоци и тие можат да им донесат побрзо оргазам од било што.
7 . Да мастурбират
Да, и тоа си е вид на секс, но не го вклучува партнерот. Изненадувачки, но 41% од жените издаваат дека претпочитаат да се самозадоволат пред тоа да имаат секс со друг човек.
8 . Да читаат книга
Во предавањето NOW TV беа претставени резултати од нивно истражување во кое дамите го ставија читањето на книга пред сексот.