Овие нека летнат кај тато… кој никогаш не се врати дома… нека му кажат дека го сакам иако тој…



– Ти набрав глуварчиња. Сакаш заедно да ги дуваме?
– ама ќе се откинат од дома… ќе им биде ли убаво?
– ќе летаат високо и далеку. Летањето мора да е убаво.
– а каде ќе одат?
– кај сакаш ти. Замисли си желба пред да ги дувнеш и таму ќе одлетаат.
– можам за секое по една желба?
– можеш… за секое по една, да
– тогаш овие сакам да летнат кај сите изгубени чорапчиња… нека им кажат дека им ги чувам братчињата и сестричките во фиока. Па или нека се вратат, или ако таму некаде им е подобро нека дојдат и нека ги земат и нив.
Овие нека летнат кај тато… кој никогаш не се врати дома… нека му кажат дека го сакам иако тој… иако тој можеби не заборавил.
Овие нека ги побараат сите воздишки и солзи на мама по тато и нека им кажат дека мама сега е силна и научи да се радува пак.
Овие последниве нека летнат кај Бог. Нека му кажат дека многу го сакам и нека им прости на луѓето кои прават лоши работи. Тие се осамени и несреќни.
– знаеш што? Еве ти ги тогаш и моиве глуварчиња… тебе повеќе ти требаат.


Автор: Драган Таневски

Maktel