Овие две бои ќе бидат тренд во 2016 година



За прв пат во својата годишна оценка за боја на годината американската компанија “Пантон” (Pantone LLC) избра две бои. Рангирањето се спроведува од 2000 година.


Крајните резултати се одредуваат од мислењето на модни дизајнери, шминкери и специјалисти за внатрешно опремување на простории и на секакви производи за широка потрошувачка за тоа кој ќе биде трендот за водечките бои во новата година.

Одбраните бои ги носат имињата “Розов кварц” и “Мир на умот”. Тоа значи дека во текот на следната година продавниците за облека и салоните на светски познатите брендови за мебел ќе бидат исполнети со бебешко розова и бебешко сина боја. Возбудливо, нели?