Oвие два хороскопски знаци ќе бидат најсреќни овој месец



Бик


Декември ќе биде успешен месец за вас. Ќе ја имате потребната среќа и заштита токму кога ќе ви затребаат.
Ова ќе биде поволен месец за вашата работа, иако ќе се појави еден проблем. Можеби ќе треба да бидете отсутни неколку дена. Најверојатно тоа ќе биде поради мало нарушено здравје, здравствен проблем за вас или некој близок или поради некоја друга причина.

Лукавоста и лицемерието на едно лице меѓу вашите пријатели ќе ве натера да размислувате сериозно за вашата реакција. Во оваа фаза, повеќе ќе сакате да се определите за медијација, отколку да преземете нешто конкретно.


Девица

Во декември ќе бидете во можност да заработите и да обезбедите поголем приход, или барем да одржите стабилен семеен буџет. Ќе добиете пари од страна на девојка или жена. Вие или некој од вашиот круг на роднини ќе бидете вклучени во судска постапка или правен случај и тоа ќе биде тема на разговори, состаноци или посети. Важен собир или посета во вашиот дом.

За некои Девици можна е преселба во нов дом, стан. Добри вести за работата или вашиот бизнис. Можно е да добиете добра понуда, унапредување, преместување, зголемување на платата, нови клиенти или бизнис партнери. Овој месец може да патувате или да организирате документи и плаќање поврзани со претстојно патување. Можно е патувањето да е поврзано со решавање на некој важен документ или проблем или со друга ситуација поврзана, пред сè, за добивање пари.


Голема веројатност дека ќе добиете пари од друго место или од странство.

Извор: пинџур