Оваа песна освои прво место на наградната игра на Телеком



Автор: Милена Лунеска


Далечина,
заминавме, но, само Јас и судбината,
љубовта ја оставив тука, во мојата Македонија,
со аманет,
безгрижно, како мало дете,
да го лулка моето срце,
кога ќе посака да прелета, долета,
во домовите родителски,стари,
да застане на планините,
да се напие од изворите,
да се одмори во манастирите…
со убави мисли да се поклони пред иконите!
Далечини…
заминавме…но, само Јас и судбината,
по патишта несигурни,
водени од желби големи…
но, бестрашни, силни…
корени имаме длабоки, вековни,
а во душата Сонце македонско!!!

#nasamakedonija#TelekomMK