
Оваа корисна мешавина е исклучително богата со витамини и антиоксиданси и помага за забрзување на метаболизмот во организмот. Пектинот кој се содржи во јаболкото и етеричните масла во циметот го стимулираат варењето, и помагаат за прочистување на гастроинтестиналниот тракт.
Циметот го засилува имунитетот, па дури спречува болест и рак, тврдат научниците. Смесата од јаболкото и циметот има уникатни својства да го нормализира крвниот притисок, а освен тоа има и одличен вкус и арома.
Комбинацијата меѓу јаболкото и циметот го забрзува метаболизмот и го прочистиства дигестивниот тракт и крвните садови од штетните наслаги.
Потребното време за подготовка е 2 минути.
Потребни производи: 1 јаболко 1 лажиче цимет (во прав), ½ л вода
Начин на приготвување: Измијте го јаболкото. Исецкајте ја или испасирајте ја кората на јаболкото. Ставете водата во смесата и додате го циметот. Измешајте добро.
Добиената смеса се консумира во текот на целиот ден, без разлика дали пред или после јадење, под услов да не е директно по исхраната.