Ова се најлошите години за брак



Паровите кои се венчале во 1986 и 1988 година, најверојатно во блиска иднина ќе се разведат. До овој заклучок дошле британски научници, анализирајќи ги статистичките податоци за Велика Британија, објави “Индипендент”.


Податоците укажуваат дека 44,4 проценти од овие бракови завршуваат со развод. Друга неадекватна година за склучување брак е 1991-ва, тврдат истражувачите.

Според статистичките податоци, повеќе од 10 проценти од овие парови го завршуваат заедничкиот живот уште во првите пет години. Од организацијата “Marriage Foundation” додаваат дека од 1990 година вљубените почнале да оддаваат предност на соживот, одложувајќи го за подоцна официјалното регистрирање на односите.


Истражувачите признаваат дека тоа е поврзано со неподготвеноста на партнерите да преземат излишна одговорност. Тие исто така забележуваат дека ако додека во 80-тите години на минатиот век младоженката била средовечна 23 години, во 2011 година таа била 30 години. Просечната возраст на младоженецот во исто време се зголемила од 25 на 32 години.

Од крајот на 1980 година, бројот на разводи расте, пресметале од фондацијата. Во 2008 година тие ја достигнале својата највисока вредност од 38,3 проценти. А веројатноста од развод кај луѓето во брак во 2012 година, се проценува на 38,4 проценти.