Ова се 7-те највисокоплатени модели во светот



Да си убава значи да се радуваш не само на бројни обожаватели, но и на многу пари.

Ви ја претставуваме листата на Forbes за лицата во модната индустрија, кои заработиле најмногу пари во периодот јуни 2014 година – јуни 2015 г , пишува biznisvesti.mk.:

Џоан Смолс: 5,5 милиони долари

Смолс учествувала во рекламите на Joe Fresh Calvin Klein и Marc Jacobs. Тие ги зголемија нејзините приходи со 2 милиони долари во однос на претходната година. Смолс одела и на повеќе модни писти од повеќето колешки од листата.

Миранда Кер: 5,5 милиони долари

Кер ја напушти луксузната марка за долна облека “Victoria’s Secret во 2013 година, но заработи огромни суми од други компании за долна облека како Wonderbra. Поранешната сопруга на актерот Орландо Блум е и лице на парфемот” Joyful “на Escada, накитот Swarovski и производителот на производи за нега на коса Clear Hair.

Наталија Водјанова: 7 милиони долари

Рускиот модел е рекламно лице на дизајнерката Стела Макартни и компанијата за облека Theory. Водјанова заработува солидни суми од козметичкиот бренд Guerlain и од парфемите “Euphoria” на Calvin Klein и “Shalimar Souffle de Parfum” на Guerlain.

Даутцен Крус: 7,5 милиони долари.

Круз доби популарност како модел на Victoria’s Secret, но сега заработува пари од договорите со Tiffany & Co., Samsung и Calvin Klein.

Адријана Лима: 9 милиони долари

Лима најдолго работи како модел за Victoria’s Secret и е позната по прекарот “Ангелот на Victoria’s Secret”.

Кара Делевин: 9 милиони долари

Делевин создаде име во високата мода. Таа има 19 милиони следбеници на Instagram, 3.7 милиони следбеници на Twitter и 240 000 фанови на Facebook. Таа била модел за DKNY и Burberry.

Жизел Бундхен: 44 милиони долари

Приходите на бразилскиот супермодел значително ги надминуваат оние на помладите нејзини придружнички, како и на нејзиниот сопруг – американскиот фудбалер Том Брејди. Бундхен се повлече од модната писта оваа година, но заработува најголем дел од своите пари од договори со Chanel и дизајнерката Каролина Херера. Покрај тоа, таа е дизајнер на сопствена линија на чевли.