Ова се 10те секојдневни навики на гламурозните девојки



Некои девојки умеат добро да се грижат за својот изглед и здравје, а навиките кои одамна ги стекнале ги практикуваат секојдневно и без одолговлекување. Од секојдневно чупање, до употреба на паста за белеење на забите – постојат некои универзални работи кои гламурозните девојки ги практикуваат.


1. Секое утро им започнува со смути кој е богат со антиоксиданси кои прават кожата да изгледа помека, посјајна и помлада.

2. Секое утро се тушираат и поминуваат саати внимателно бричејќи ги нозете и правејќи пилинг на лицето за да ги тргнат мртвите клетки на лицето.


3. На сонце не излегуваат без заштитен фактор 50.

4. Користат паста со избелувачки ефект за забите.


5. Секој ден си ги чупаат веѓите.

6. Не излегуваат без вештачки трепки.

7. Со саати се шминкаат и се трудат да изгледаат природно.

8. Нанесуваат молив на усните пред да стават кармин за да можат безгрижно да пијат кафе, сок, чај, алкохол.

9. Пијат многу течности за кожата да им остане свежа.

10. Во чантата секогаш имаат парфем, влажни марамчиња и шминки.

Извор: crnobelo.com