Ова е најтешката професија во светот (видео)



Американската рекламна агенција “Мулен” објави оглас за “најтешката професија во светот”. Огласот за работа бил објавен на интернет, како и на страниците на печатените изданија. За огласот се пријавиле 24 лица.


За време на интервјуто на кандидатите им се објаснува дека позицијата бара : да стојат во поголем дел од времето, да работат околу 135 часа неделно, 365 дена во годината, без одмор, без празници, без спиење и без плата.

Барањата се шокантни, но вистината е дека фирмата која бара да се ангажира работник за оваа професија, е лажна и е измислена од Агенцијата за целта на кампањата. Видеото со интервјуираните собра над 1 милиони посети само за 24 часа и ги обиколи социјалните мрежи.


Излегува дека таа професија всушност постои и тоа е професијата на … мајката. Таа се грижи за своите деца без престан, без одмор и за без пари. Иако учесниците во почетокот се доста исплашени кога ја сфаќаат идејата на спроведеното интервју, секој еден од нив искажа благодарност кон жената, која го родила на овој свет.