Ова е Калина – девојката по која се трага на Кајмакчалан



Дваесет и шестгодишната Калина Велевска е девојката на која вчера вечер заедно со уште едно момче и се губи трагата на грчката страна на планината Кајмакчалан.


Групата планинари меѓу кои биле Велевска и момчето чиј идентитет засега е непознат, ја преминале грчката граница. Кратко по тоа, планинарите забележале дека Велевска и момчето не се со нив по што веднаш пријавиле во полиција.

Според информации на А1он, лоциран е сигналот од нивните телфони во близина на караула. Од МВР велат дека не може да се потврди дали тие се живи.