Ова е еден од најсуровите ритуали за убавина



На нас може и да ни изгледа чудно, но за етиопското племе „сури“ е еден огромен украс за усни и всушност знак на убавина.


Кога девојките ќе влезат во пубертет, тие ги кршат предните два заба за време на чуден ритуал при кој во долната усна им се пробива мала дупка. Во неа се става диск од глина кој ја растегнува усната до неверојатни димензии, и го зголемува волуменот.

Колку е поголема плочата на усните на девојката, толку повеќе крави има право нејзиниот татко да бара како мираз, кога неговата ќерка се омажила. Обично семејството добива 40 за мал диск и 60 за поголем.


Во последните години дел од младите жени од племето сури одбиваат да стават декорација на усните, бидејќи сметаат дека целиот ритуал е суров и трауматизиран.