Отворен повик за модни дизајнери и дизајнери на модни додатоци Работилница „Развој на моден бизнис“



Ако сте моден дизајнер или дизајнер на модни додатоци и сакате да го пласирате својот бренд на повисоко ниво тогаш ова е идеалната работилница за Вас. Предавачот Жан Бутон кој е доаѓа од Париз, има долгогодишно искуство во развој на бизнис и бизнис стратегија. Неговото портфолио вклучува работни позиции во маркетинг и комуникации, консултантство и проект-менаџмент. Моментално работи како главен финасиски менаџер за македонско-францускиот бренд Ристо основан од познатиот македонски дизајнер Ристо Бимбилоски кој над две децении работи во Париз.


Првиот ден од работилницата е фокусиран на продуктот. Ќе се дискутира за мапирање на бренд, создавање на компетентен тим и развој на капацитети. Предвидена е презентација на теми од типот: дефинирање на глобална стратегија, позиционирање на продукт и анализа на клучни компетенции.

Вториот ден ќе опфати идентификација и еваулација на трошоци, евалуација на идна продажба и кеш -менџмент.


Третиот ден е посветен на финансискиот аспект на модниот бизнис. Ќе бидат презентирани можности за финансирање, а фокусот ќе биде ставен на бизнис планот: како да се направи, како да се подобри и како да се искористи како можна алатка за понатамошен развој на брендот.

Попладневните сесии во текот на трите дена ќе бидат искористени за лични консултации со предавачот.


Zhan Buton

Информации за апликација

Сите заинтересирани треба да ги достават следните документи:

– Пополнета апликација – достапна на веб страната на Моден Викенд Скопје;
– Дигитално портфолио (PDF формат);
– Биографија и кратко мотивационо писмо;
– Една портрет фотографија во висока резолуција.

* Работилницата ќе биде одржана на Англиски јазик.

Сите документи треба да бидат напишани и доставени на Англиски јазик.

Рок за пријавување: Недела, 12.03.2015 на следната адреса: goran@fashionweekendskopje.mk

Лице за контакт: Goran Sidjimovski
goran@fashionweekendskopje.mk
+ 34 655 107 643

Учесниците ќе бидат избрани од страна на тимот на Моден викенд Скопје и Жан Бутон.