Откриени тајните на сексуално задоволните жени



– Имаат распоред за секс. Ако мислите дека распоредот за секс е апсурден и премногу деловен, размислете повторно.
Се разбира, понекогаш спонтаниот секс исто така може да биде освежувачки за врската. Но, ако гледате на сексот како на посебен акт кој носи задоволство за двајцата партнери, вие треба да се потрудите секој пат да биде незаборавен.


– Се сеќаваат на некои од најжешките сексуални сесии, кои ги имале. Жените кои имаат среќен сексуален живот и умеат да ја одржуваат страста жива, акумулираат топли спомени кои “извикуваат ” во соодветни моменти. Постои непосредна врска меѓу последните спомени и сегашноста, а познато е дека и возбудата на жената започнува прво во нејзиниот ум.

– Го користат јазикот на телото. Тие се облекуваат во соодветна облека, зборуваат со секси глас и палави работи, го гледаат партнерот со мешавина помеѓу љубов и страст. Сексуално задоволните жени немаат грижи за своето тело и својата сексуална сила демонстративно ја укажуваат на својот партнер.


Добро познато е дека најдобрите изведби во кревет се корисни за луѓето, бидејќи помагаат на човекот да се почувствува емоционално, духовно и физички задоволен. Добриот секс предизвикува лачење на хормони кои го зајакнуваат имунолошкиот систем и го смируваат умот.

Страни: 1 2