Откажете се од овие 10 навики, за да бидете среќни



Не можеме да бидеме среќни 24 часа на ден, но во повеќето случаи среќата ни зависи од тоа да избереме да сме среќни. За жал, тие се случува да го комплицираат животот до таа мера, што не ја распознаваме среќата што не опкружува.


Еве 10 навики, од кои треба да се откажете за да бидете среќни:

1. Престанете да се грижите од она што другите мислат за вас. Да се троши вашето време во грижи за тоа што мислат другите за вас е трошење на енергија. Никогаш нема да ги задоволите желбите на сите.


2. Откажете се од навиката да ги прифаќате работите само на останатите. Не можете постојано да ги игнорирате сопствените желби. Бидете такви какви што сте и ќе ве заобиколат луѓе кои го ценат токму она што и вие го цените.

3. Престанете да учествувате во озборувањето. Тоа не е од ваша корист.


4. Откажете се од загриженоста. Каде течат нашите мисли, натаму оди и нашата енергија. Кога се грижиме, ние инвестираме време и енергија во нешто што не сакаме да се случи.

5. Откажете се од чувството на несигурност. Кога се прифаќаме премногу сериозно, сметаме дека и другите го прават истото. Има само една верзија на вас самите и тоа сте вие. Бидете таа! Управувајте ја и престанете да се грижите.

6. Не ги сфаќајте лично работите. Вистината е дека повеќето луѓе се обземени од сопствениот живот, за да им остане време да го гледаат вашиот. Како што се вели, „Светот не се врти околу вас”. Реакциите на повеќето луѓе немаат ништо заедничко со вас, па не го сваќајте тоа лично.

7. Заборавете го минатото. Сите сме биле повредени. Имаме родители, кои правеле грешки, и моменти кои сме ги одредувале како пекол. Секое животно искуство ве научило нешто ново или ве направило посилно.

8. Престанете да ги трошите парите за работи кои не ви требаат, за да си обезбедите среќа.

9. Откажете се од гневот. Гневот согорува дупка во раката на човекот кој го задржува во себе. Извадете го и продолжете напред.

10. Откажете се од контролата. Контролата е илузија. Реалноста покажува дека живееме во еден сосема несигурен свет. Научете се да го прифаќате новото и промените лесно.