Откако поднесе барање за развод, Анџелина Џоли направи уште нешто неочекувано



Актерката Анџелина Џоли изнајми имот за 95 000 долари месечно во Малибу, откако официјално објави дека се разведува со Бред Пит, соопштува “Дејли мејл”.


Имотот вреден 12 милиони долари, што актерката го изнајми за себе и за своите шест деца, се наоѓа под засилена заштита и далеку од очите на луѓето.

Домот, кој е на брегот на Пацификот, има пет спални, пет бањи и голем базен за деца.