Откако ќе ја дознаете тајната, секоја вечер ќе си легнувате со кромид во чорапите



Откако ја дознаете тајната, секоја вечер ќе си легнувате со кромид во чорапите. Можеби ви звучи чудно и неверојатно и сигурно не би прифатиле веднаш сличен експеримент, пишува lady.mk.


Во кинеската медицина се смета дека стапалата имаат директен контакт со сите внатрешни органи, благодарение на т.н. “меридијани”, кои се наоѓаат таму и поминуваат низ целото тело.

Од друга страна, кромидот има огромна “власт” над бактериите и прочистувањето на организмот. Кога овие две работи се спојат, се добива идеален рецепт за ефтина и лесна детоксикација.


Сето ова е поврзано со нервниот систем, бидејќи во стапалата има 7.000 нервни завршетоци (меридијани) кои одат директно до внатрешните органи.

Ова се важни завршетоци кои често ги игнорираме, бидејќи цел ден носиме чевли, па нервите не се стимулираат на правилен начин. Затоа, многу корисно е одењето боси по песок.


Еден од најдобрите начини за да се отворат овие нервни патишта, е со помош на кромидот. Ако сакате да го прочистите организмот, а не можете да издржите диета или да одите во сауна, исечете го кромидот на дебели кругови, ставете ги на стапалата и обујте чорапи. Додека спиете, кромидот ќе го прочисти вашето тело.

Познато е дека кромидот ја чисти кожата, бидејќи ги убива бактериите, а фосфорната киселина во крвта може да направи чуда.