Познатиот инстаграмџија кој под прекарот Pretty Mike сподели фотографија на која позира со шест трудници. Тој притоа тврди дека е татко на сите шест бебиња.
Овие девојки му правеа друштво на Мајк на една венчавка во Нигерија, и сите беа облечени во креации од идентичен сребрен материјал, додека тој се определи за екцентрично одело во розова боја.
„Ова не е филмски трик, само живееме одличен живот“, напиша инфлуенсерот чие вистинско име е Езе Нвалиј Нвога.
Езе Нвали е доста популарен забавувач во Нигерија. Во 2017 бил уапсен поради тоа што ги одвел своите придружнички на едно случување врзани во ланци и ги шетал како кучиња.
View this post on Instagram
View this post on Instagram