Остајте и ја душата …. Не газете таму кај што капеа солзите …



Остајте и ја душата


Остајте и ја душата
Не газете таму кај што капеа солзите
Не потсетувајте ја
Како мирно вдишуваше
Кога со лажни насмевки не се будеше
Во празен кревет не спиеше
И жив мртовец не беше
Остајте и ја душата
Нека се лаже дека преболела
Дека допири од туѓинец
Ќе ја излечат
Пред да дозволи времето да ја лечи
Остајте и ја душата
Бар само да посака
И невозможното да го допре
Да појде онаму каде своја се чувствува
На врата да му затропа
Од “убавото” да побегне за да закрепне
Да му дојде некоја минутка после полноќ
Ко пепелашка која бега од убавото
Да го земе во прегратка
И да го бакне в чело
Ко грижлива мајка која го заспива своето чедо
Кажувајќи му дека се ќе помине
За да ја разбуди и да и го престори денот во ноќ
Да ги издлаби лузните подлабоко
Да ја боли
Да го боли
Да ја убие уште еднаш за жива да остане
Да ја заболи за да преживее
Остајте и ја душата
Не допирајте ја
Не лечете ја
Тој нека ја заболи
За среќна в своето гнездо да се врати
За да продолжи да живее
Не осудувајте ја
Нека боли
Боли што сега проклето е ничија
Дури не е ни своја…
Остајте и ја душата
Таа тежина друг не ќе може да ја носи
Не допирајте ја ни случајно
Немојте
Оти е ранета
Оти е уморна
Оти е жена
Оти само она издржува
Дури и кога не може
Сама светот на грб да го носи
Остајте и ја душата
На раат нека живее
Кога сеуште може…

Автор: Ружица Стојановска