
Женскиот оргазам е сензација која една од десет жени никогаш не го доживува. Актерката Карен Лор тврди дека оргазмичката медитација (ОМ), ја прави чувствителна и телесно и емотивно, па успева да доживее повеќекратни оргазми, дури 11 дневно.
Основачката на OneTaste центрот за оргазмичка медитација, Никол Дедон, вели дека концептот вежби е сличен на тантричниот секс која има за цел да го продолжи траењето на оргазмот. Како и обичната медитација, и оваа медитација влијае на истите делови на мозокот.
Таа верува дека оргазмот е битен за човечката способност за воспоставување на врска со другите луѓе на хормонско, емотивно и духовно ниво.
-Веќе го достигнав блаженството – медитирав 20 години, но оргазмичката медитација ги разбуди сите мои сетила – објаснува Дедон.
Оргазмичката медитација е 15минутно вежбање за двајца во текот на кое двајцата се концентрираат на техниката која ја користат и сензациите кои се произведуваат.
Една од „ученичките“ вели дека во 25- тата година и било кажано дека не може да доживее оргазам, но дека ја побила таа дијагноза откако ги посетувала овие часови.
-Осетив електрицитет и помислив – „така изгледа да бидеш жена – да бидеш сигурна и пријатно да се чувствуваш во близина на друго битие – објаснува таа.
Првиот ваков центар е отворен во Сан Франциско, а сега има уште 10 такви низ целиот свет.