Општи препораки за заштита од топлотен бран



Препораки за спречување на штетните ефекти од надворешните високи температури врз здравјето на луѓето, препорачани од страна на Министерството за здравство на РМ, Институтот за јавно здравје на РМ и Центрите за Јавно здравје.


1. Општи препораки за заштита од топлотен бран

– За време на топлотен бран избегнувајте, колку што е можно, излегување во надворешна средина во периодот од 10:00-17:00 часот. Неопходните работи завршувајте ги пред 10:00 часот или после 17:00 часот.


– За време на топлотен бран во периодот од 10:00- 17:00 часот, да се избегнуваат напорни физички активности, вклучувајќи спорт и рекреативни активности.

– Останете, колку што е можно, во затворени климатизирани простории (обичните вентилатори не помагаат кога температурата е над 35 степени). Затворете ги прозорците и ролетните во тек на денот, отворете ги навечер кога температурата е пониска.


– При неопходен престој на отворен простор, избегнувајте директна изложеност на сонце, најдете можности за почести одмори под сенка.

– Носете светла и лесна облека (светлите бои, во извесна мера ја одбиваат светлината) од природни такенини (памучни, ленени), ставете заштитни очила и капа.

Страни: 1 2 3