Кратка содржина
Медиа гигантот Опра Винфри е родена на 29 јануари, 1954 год. во руралното гратче Kosciusko, Mississippi. Во 1976 година, Винфри се пресели во Балтимор, каде што стана водител на познатото ТВ ток-шоу, “People Are Talking“, откако беше преместена од страна на ТВ во Чикаго да води свое утринско шоу. Подоцна, таа ја започна својата две и пол децениска кариера како водител-домаќин на своето планетарно популарно “The Oprah Winfrey Show“.
"Целата поента на тоа да се биде жив е да еволуирате во комплетна личност, токму онаква каква што сте замислувале да бидете“.
Нејзините почетоци
Водителка на американската телевизија, актерка, продуцент и филантроп Опра Гејл Винфри е родена на 29 јануари 1954 година, во Kosciusko, Mississippi. По проблематичната адолесценција во малата земјоделската заедница, каде што била сексуално злоупотребувана од страна на неколку роднини и пријатели на нејзината мајка, Вернита, таа се пресели во Нешвил кај нејзиниот татко, Вернон, кој работел како бербер.Во 1971 година Опра се запишува на државниот универзитет во Тенеси и започнала да работи во радио и телевизиска емисија во Нешвил.
Во 1976 година, таа се сели во Балтимор, Мериленд, каде што станува водител-домаќин на ТВ шоуто “People Are Talking“. Шоуто набргу стана вистински хит, па Опра остана таму осум години, по што таа беше преместена од страна на ТВ Чикаго да биде домаќин на свој утринско шоу, “A.M. Chicago“. Во рок од само неколку месеци, Винфри изгради свој препознатлив стил на водење емисии со кој ги освои срцата на преку 100.000 гледачи и така, нејзиното шоу од последното на рејтинг листата на гледаност се искачи на првото место. Нејзиниот успех кој и донесе слава ширум целата држава се зголеми со улогата која таа ја доби за филмот на Стивен Спилберг “The Color Purple“ за која таа беше номинирана за Оскар, во категоријата за најдобра споредна женска улога.
Во 1986 година Опра го започна своето познато “Тhe Oprah Winfrey Show “. Националната програма која во почетокот имаше 120 канали и публика од 10 милиони гледачи, за само една година прерасна во 125 милиони гледачи, а Опра заработи 30 милиони $.
Набргу, таа стекна сопственост на програмата од ABC, превземајќи ја под контрола на нејзината сопствена продукција, Harpo Productions“ (Опра ја именуваше спелувајќи го своето име наназад) и почна да ја распространува се повеќе и повеќе.
Успехот и славата
Во 1994 година, времето кога имаше премногу ток-шоуа во кои преовладуваа бескорисни теми од жолтиот печат , Винфри вети дека нејзиното шоу ќе го држи подалеку од трач-темите во емисиите кои наликуваат на сите останати. Иако рејтингот првично започна да опаѓа, таа се здоби со огромна почит од страна на нејзините гледачи, која набргу резултираше со пораст во популарноста. Во 1989 година, нејзините проекти со Harpo Productions вклучуваа и мини серија “The Women of Brewster Place“ во која воедно глумеше и самата Опра.
Во 1998год. Винфри потпиша договор и со Дизни и заедно со Дени Гловер глумеше во филмот “Beloved“, снимен врз основа на романот на Тони Морисон, кој воедно и беше добитник на Пулицеровата награда. Филмот имаше различни критики и, генерално, не успеа да ги исполни очекувањата.
Винфри, стана речиси еднакво позната како по нејзиното ток-шоу , така и по нејзината борба со вишокот на килограмите. Во 1995 година таа се натпреваруваше во Маринскиот корпус маратон во Вашингтон, при што на крајот успеа да ја доведе својата тежина на околу 75 килограми. Благодарение на нејзината популарност , истовремено и нејзиниот личен готвач Роси Далеи и нејзиниот личен тренер Боб Грин, ги објавија своите книги кои станаа бестселери. Веднаш потоа и медиумскиот гигант ја издаде и својата книга наречена "Oprah's Book Club" како дел од нејзиното ток-шоу.
Благодарение на нејзините емисии, овие потполно непознати автори се најдоа на врвот на бестселер листите, но на многумина пак им причинуваше задоволство да читаат за еден нов вид на актуелни теми.
Со отварањето на компанијата Oxygen Media во 1999 година, , Винфри ги го обезбеди своето место меѓу првите редови на медиумската индустрија и како една од најмоќните и најбогатите луѓе во шоу бизнис. Во 2002 година, таа склучи договор со националната телевизија каде нејзиното ток-шоу започна да се емитува во ударно време.
Во 2000 година таа започна со издавање на месечното списание наречено “О“, а во 2004 година, потпиша нов договор со кој го продолжи “The Oprah Winfrey Show“ до сезоната 2010-11.Така, ширум распространето, шоуто се гледаше на речиси 212 американски станици и во повеќе од 100 земји во светот.
Oprah Winfrey Network
Во 2009 година, кога нејзиниот договор со ABC заврши, Опра Винфри објави дека ќе се стави крај на нејзината програма. Набргу потоа, таа се пресели во својата сопствена телевизиска куќа, “Oprah Winfrey Network“, со заедничко вложување со Discovery Communications.
И покрај несигурниот финансиски старт на проектот, тој сепак излезе на виделина во јануари 2013 година, кога се емитуваше првото интервју помеѓу Винфри и Ленс Амстронг, американскиот велосипедист и седумкратниот Тур де Франс победник кој во 2012 година беше отстранет од натпреварот поради обвиненија за користење на допинг . За време на интервјуто, Армстронг призна дека користел недозволени супстанци во текот на неговата велосипедска кариера, вклучувајќи ги хормоните кортизон, тестостерон и еритропоетин (исто така познат како ЕПО). "Јас многу погрешив … и сега ја плаќам цената за тоа. Мислам дека тоа е во ред. Јас го заслужувам ова", изјави тој.
Ова интервју на нејзината компанија OWN и донесе приход од неколку милиони долари.
Во нејзиното соопштение за интервјуто со Армстронг, Винфри изјави: "Тој беше искрен на начин на кој очекував. Тоа беше изненадување за мене. Јас би рекла дека дека, за мене, за мојот тим и сите ние кои бевме во таа просторија, бевме зачудени поради некои негови одговори. Почувствував дека неговите одговори беа темелни. Тој навистина беше сериозен. Секако дека се подготвувал за овој момент. Јас би рекла дека тој се соочи со моментот на вистината. На крајот на интервјуто, и двајцата бевме прилично исцрпени. "
Добротворната организација
Според списанието Форбс, Опра е најбогатата Афро-американка на 20 век, а во последните три години по ред, таа е единствениот милијардер-припадник на црната раса. Списанието “Life“ ја именуваше за највлијателната жена на нејзината генерација. Во 2005 година, беше прогласена за најголем филантроп во американската историја, припадник на црната раса. Oprah's Angel Network собра повеќе од 51.000.000 $ наменети за добротворни цели, вклучувајќи го и образованието на девојчињата во Јужна Африка и помош на жртвите од ураганот Катрина.
Винфри е посветена активистка која се бори за правата на децата. Во 1994 година, претседателот Клинтон го потпиша нејзиниот предлог кој таа го предложи до Конгресот, залагајќи се за создавање на национална база на податоци на осудените злоставувачи на деца. Подоцна, Опра ја основаше и фондацијата “Family for Better Lives“.
Во септември 2002 година, беше прогласена за добитник на наградата наречена “Bob Hope “ која и ја додели Академијата за телевизиски уметности и науки.
Во декември 2007, Винфри ја поддржа кампањата на демократскиот кандитат на претседателските избори – Барак Обама, привлекувајќи голем број на публика. Таа го придружуваше Обама на неколкуте собири кои се одржаа во неколку американски држави: Ајова, Њу Хемпшир и Јужна Каролина. Тоа беше прв пат таа да учествува во нечија кампања на политички кандидат. Најголемиот настан се одржа на фудбалскиот стадион на Универзитетот во Јужна Каролина, каде што Опра им се обрати на 29.000 поддржувачи кои присуствуваа на митингот: “Мартин Лутер Кинг сонуваше сон. Но, денес ние повеќе не мора да го сонуваме тој сон. Имаме можност, со гласање, тој сон да го претвориме во реалност, со тоа што ќе го поддржиме човекот кој не само што знае кои сме ние, туку и што можеме да бидеме“.
Силната политичка поддршка на Опра беше јасна ( Обама ги доби изборите во Ајова и Јужна Каролина, но го загуби Њу Хемпшир). Но Опра веќе имаше искуство од претворањето на делата од тотално анонимни издавачи – во бестселери, со тоа што ги неколку пати ги имаше спомнато во својата емисија.
Кога на 9ти септември 2011, Шоуто на Опра Винфри престана да се емитува, таа за многу кратко време се префрли во својата телевизиска куќа “The Oprah Winfrey Network (OWN) “која започна со работа на 1 јануари 2011 година.
Во последната сезона од нејзиното ток шоу, Опра на гледачите им ја откри својата семејна тајна: таа призна дека таа има полу-сестра по име Патриција, исповед кој допринесе да се зголеми рејтингот и гледаноста на шоуто. Во 1963 год. нејзината мајка родила девојче, но Опра која тогаш имала само 9 години, живеела со својот татко. Бидејќи мислела дека нема да може да добива социјална помош доколку има уште едно дете за кое треба да се грижи, нејзината мајка го дала второто дете на посвојување. До својата седма година, Патриција живеела во неколку домови за деца. Преку агенцијата за посвојување, таа неколкупати се обидувала да стапи во контакт со нејзината мајка Ли, но Ли не сакала да се сретне со неа. Откако направила неколку истражувала Патриција успеала да најде внуката на Опра, и откако двете направиле ДНК тест, се докажало дека тие се роднини.
Опра Винфри дознала дека има сестра само неколку месеци пред да се одлучи да ја обелодени веста. Во своето шоу таа изјавила дека тоа претставувало едно од најголемите изненадувања во нејзиниот живот.
Уште од 1992 година, Опра Винфри е свршена со Стедман Грахам, менаџер за Односи со јавност. Двојката живее во Чикаго, но Винфри исто така поседува неколку домови, во Монтесито, Калифорнија, Ролинг Праир, Индијана и Телурајд во Колорадо.