Опасност од циклон и полави: Еве какво време не очекува



Почитувани граѓани според моменталните анализи со кој ние располагаме и секако гледано малку подолгорочно или поточно на почетокот од месецот Октомври на Балканскиот Полуостров би можело да ни пристигне еден моќен циклон кој на многу места би предизвикал обилни врнежи од дожд проследени со силен ветер, пишува метеомакс. На следната карта можете да погледните колкаво количество на воден талог може да се очекува:


mapadozd

Според оваа прогностичка карта во делови од Балканот се очекува да наврнат дури и околу 300 л/м2 воден талог и тоа посебно на границата измеѓу Албанија и Црна гора како и измеѓу Албанија и Косово. Во делови од Босна и Херцеговина особено на југот од државата количеството на врнежи кое се очекува е некаде од над 150 л/м2 воден талог додека на Јадранот и преку 200 л/м2 воден талог. Србија и Македонија доколку се остане вака очекуваат количество на воден талог некаде од 100 до 150 л/м2 воден талог. Исто така според моменталните анализи направени вечерва опасност од обилни врнежи има и во Хрватска и Словенија.