
Автор: Оливера Ширговска
НАДЕЖ
Ќе бидам сјај, ..
Во твоите очи…
Ќе бидам топлина,
во ноќите бесони..
Ќе останам,секогаш..
Кога сите ќе заминат..
Знам, тука си, блиску..
До мене, покрај мене…
Ги гледаш ѕвездите, ..
Ќе бидам надеж,..
Кога сите ќе те остават..
Јас секогаш ќе те чекам…
Да дојдеш, после бурата..
Од дождови в срце,
и вертот што коси…
Доаѓаш како бран,
весел, разигран..
Се смејам, како дете, со тебе..
Знам судбината ќе рече..
Да бидам љубов во срцето…
Заскитано, далечно..
И ќе бидам вечност, што чека..
Ќе бидам и кога не треба,
ќе останам, тука, на тоа место, ..
Во мислите, и срцето вечно….