Оливера Ширговска: Исус Христос, тој пари нема, не му требаат



Исус Христос 🙏
Тој пари нема, не му требаат
Најбогат е , бидејќи разумноста од благодатоста на душата е вдахновена во секој порив на вечното владеење на Љубовта.
Сакаат да ја уништат со пари и блуд, со завист и лицемерие, но таа тивко се смее и го возљубува Бога. Ние малечките се’ уште не дораснати на димензијата на духовноста го трошиме животот во себеиздигнување .Скапоцености ни виреат од крајчињата на погледот, додека душата ни се празни .
Чекориме кон олтарот, немајќи време за Него, но Тој има време за сите нас, никаде не брза и секогаш е на време тука да не сослуша.
Зошто толку брзаме и трошиме во недоличноста на однесувањето?
Тој со пет леба нахрани пет илјади луѓе , водата стана вино за еретиците кои не веруваа во него.
Та нели сме луѓе…Тогаш каде ни е достојноста , почитта и Љубовта ?
За каде се трошиме толку тргнати по материјалните богатства ?
Малку треба, сосема малку е доволно за да си ја нахраниме душата со храна , таа се храни најмногу со Божествена љубов, прегратки и топли зборови .Во секој од нив е вдахновена Божествена убавина и Љубов бескрајна, која токму и ни треба .Ништо повеќе ..


Автор: Оливера Ширговска 24