
Не си играј..!!!
Со животот мој….
Не знаеш..!
Колку пати јас паднав…!
И повторно станав…!
Колку солзи исплакав…!
Колку денови боледував…
Зошто токму со мене…?
Ја играш судбината?
Ја коцкаш надешта?
Го бришеш утрото?
Ја гаснеш ноќта?
Зарем нема ништо друго?
Зарем не остана еден дел?
Барем ситно парче..
Од мозаикот на животот..
Исткајан во различни бои:??
Некогаш сиви, некогаш топли..
Немој, не си играј..
Не ги знаеш моите утра..!
Не ја познаваш мојата ноќ..!
Не го запозна ни погледот..!
Во кој беше кажано се…
Немој, не го разбираш..
Ни мојот немоќ, ни мојата сила..
Немој, не ми ветувај идила..
На празни погледи ..
И безлични зборови..
Кои и сам не ги разбираш…
Немој..
НЕ СИ ИГРАЈ…
ОЛИ..19.10.2016